Breaking News

Унгарскиот претседател Суљок упати честитки до Сиљановска-Давкова


Пријателска честитка на изборот за претседателка на  Гордана Сиљановска-Давкова упатил претседателот на Република Унгарија, Тамаш Суљок.


Во честитката на унгарскиот претседател меѓу другото стои дека тој со задоволство очекува, како што вели, да соработуваме и да ги зајакнеме нашите билатерални односи.


Благодарност за честитката изразила Сиљановска-Давкова потенцирајќи ја важноста на европската интеграција.

– Во нејзиниот одговор на унгарски и на англиски јазик, наведено е следново „Почитуван претседателе Суљок, Ви благодарам на Вашите честитки.


Да ја продолжиме нашата соработка во насока на зацврстување и продлабочување на нашите одлични македонско-унгарски односи и да работиме заедно на заокружување на проектот за европска интеграција.

“, се додава во соопштението од Тимот на ГСД. цр/sa/Фото: принтскрин .


Извор: МИА