Breaking News

Една жртва при уривање на трибина на училишен стадион во Ростов на Дон


– Една жена загина, а 26 лица, меѓу кои 15 деца, се повредени кога вчера се урна трибина за гледачи на стадион на територијата на спортско училиште во рускиот град Ростов на Дон.


Инцидентот се случил за време на детски фудбалски турнир соопшти гувернерот на Ростовската област Василиј Голубев.


Според шефот на градската администрација, Алексеј Логвиненко, причина за несреќата бил силен ветер. јт/Фото: Локални власти .

Извор: МИА