Breaking News

Zoran Popov

Во Скопје 144 сообраќајни прекршоци, 41 за брзо возење

На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 144 мерки во контроли во областа на сообраќајот. Од нив за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.  Како што соопшти МВР, …

Повеќе »

Уништувањето на шумите во Амазонија е намалено за 31 отсто откако Лула е претседател на Бразил

– Уништувањето на шумите во бразилска Амазонија е намалено за 31 отсто во првите пет месеци откако претседателот Луис Инасио Лула да Силва дојде на власт, во споредба со истиот период минатата година, соопштија властите. Сателитски снимки открија дека од јануари до мај, 1. 986 квадратни километри шумска површина биле …

Повеќе »

Гроси за Си-ен-ен: Опаѓа нивото на водата во резервоарите за ладење на реакторите во НЕ Запорожје, се заканува катаклизма доколку останат без вода

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека нивото на водата во резервоарите за ладење на реакторот во нуклеарната централа Запорожје опаѓа за пет до седум сантиметри на час и посочи дека доколку најголемата нуклеарна централа во Европа остане без вода, тоа би било многу …

Повеќе »

Гувернерот на Северна Дакота влезе во трката за републикански претседателски кандидат

– Гувернерот на американската сојузна држава Северна Дакота, Даг Бургум, соопшти дека влегува во трката за републикански претседателски кандидат за изборите во 2024 година. Шеесет и шестгодишниот Бургум, поранешен софтверски претприемач, се приклучува на долгата листа на претенденти за републикански претседателски кандидат, меѓу кои според анкетите на јавното мислење води …

Повеќе »

Османи на министерскиот состанок на Глобалната коалиција за борба против ИСИС

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи денеска ќе учествува на министерскиот состанок на Глобалната коалиција против ДАЕШ/ИСИС во Ријад, Саудиска Арабија.  Како што информира МНР, министерскиот состанок е во организација на државниот секретар на САД Антони Блинкен и министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија Фаисал …

Повеќе »

Затворена за сообраќај делницата Велес – Градско поради асфалтирање

Поради асфалтирање денеска од 8 до 18 часот ќе биде затворена за сообраќај делницата Велес – Градско, излез на Градско кон Неготино, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од …

Повеќе »

Девет мигранти загинаа во бродска несреќа во близина на Тунис

– Туниската крајбрежна стража извлече тела на девет мигранти од Африка од Средоземното Море по бродска несреќа во водите недалеку од градот Монастир додека се обидувале да стигнат до италијанскиот брег. Портпаролот на судот во Монастир, Фарид Бен Џаха соопшти дека туниската крајбрежна стража успеала да спаси 29 од мигрантите. …

Повеќе »

Британија ќе биде домаќин на првиот глобален самит за безбедност на вештачката интелигенција

– Велика Британија ќе биде домаќин на глобален самит за безбедност на вештачката интелигенција подоцна оваа година, соопшти британската Влада, додавајќи дека премиерот Риши Сунак и американскиот претседател Џо Бајден исто така ќе разговараат за тоа за време на денешниот состанок. На самитот ќе се разговара за ризиците што ги …

Повеќе »

Украина: Висок ризик од мини додека жителите бегаат од Херсон поради поплавите

– Пробивањето на голема брана во јужна Украина ќе има катастрофален ефект врз лоцирањето на нагазни мини, предупреди Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК). Како што јави Би-би-Си, Ерик Толефсен, шеф на Единицата за контаминација со оружје на МКЦК, предупреди дека мините исфрлени во поплавата предизвикаа голема загриженост не само …

Повеќе »