Breaking News

Toni Ivanoski

Санкционирани 174 возачи во Скопје, 11 за возење под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден при контроли во областа на сообраќајот на територија на град Скопје изрече вкупно 174 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за возење под дејство на алкохол, четири …

Повеќе »

Поранешниот претседател Иванов се обрати во Обединетите Нации во Женева

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов вчера се обрати во Обединетите Нации во Женева на Состанокот на високо ниво на Меѓународниот центар Низами Ганџави и Канцеларијата на ОН во Женева кој се одржа во периодот од 12 до 13 јануари во Женева, Швајцарија. Состанокот, како што информираат од неговиот кабинет, бил на …

Повеќе »

Најстудено во Берово минус 6, а најтопло во Дојран 2 степени

Најстудено утрово е во Берово со -6 степени и Скопје-Петровец со -3. Минусни температури има и во Битола, Прилеп, Стурмица и Куманово, а најтопло е во Дојран со измерени 2 степени. Во првата половина од ноќта преовладуваше ведро време, а подоцна имаше зголемување на облачноста. Дуваше слаб до умерен ветер …

Повеќе »

Сообраќајот умерен по суви коловози, без подолги задржување на граничните премини

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат утринава од АМСМ. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на …

Повеќе »

Зафироски: Печатевме пари со ентузијазам, создававме историја

Приказната за македонските официјални пари како валута е повеќеслојна. Многузначајна, проткаена со желбата да ѝ се помогне на државата што се осамостојуваше во почетокот на 90-тите години од минатиот век. Како се печатеа првите македонски пари? Фасцинантна е приказната за печатењето на парите во Прилеп. Зошто македонската валута почна да …

Повеќе »

Одредби од Нацрт-законот за системот на плати лесно можат да се искористат за кратење на платите, предупредуваат експертите

Нацрт-законот за систем на плати во јавниот сектор, веднаш по неговото објавување на ЕНЕР, покрена низа реакции. Синдикатите го оценија како лошо системско решение и побараа негово итно повлекување за да се доработи, а негативни забелешки имаат и експертите. Предлагач на законското решение е Министерството за информатичко општество и администрација, …

Повеќе »

Трите блока на РЕК Битола работат со максимален капацитет

Најголемиот енергетски капацитет во земјава РЕК Битола после речиси три години првпат работи со трите блока. Неодамна заврши монтажата на трансформаторот на третиот блок што го изработи турската компанија „Астор“, тој е приклучен на мрежа и произведува електрична енергија. Непречено работат и останатите термопостројки во земјава РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино …

Повеќе »

Надминување на вредностите на азотен оксид е регистрирано кај котларата за парно греење во Цементарница УСЈЕ, покажува извештајот на ДИЖС

По извршените вонредни инспекциски надзори за амбиенталниот воздух во Цементарница УСЈЕ, Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека измерените параметри од двете печки за азотен оксид (NOx), сулфур диоксид (SO2) и прашина се во рамки на дозволени концентрации според А-интегрираната еколошка дозвола, а од котларата за парно греење …

Повеќе »

Без вода дел од Црниче и Водно

ЈП Водовод и канализација – Скопје известува дека денеска, од 14:30 часот, без вода ќе бидат дел од корисниците на улицата „Никола Парапунов“, во Црниче. Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради поправка на шибер Ф-150 мм на таа улица. Корисниците без вода ќе бидат од 14:30 часот до санирање на дефектот. …

Повеќе »

Средба на министерот Бектеши со грчката амбасадорка Филипиду

Министерот за економија, Крешник Бектеши се сретна со новоименуваната амбасадорка на Грција воСеверна Македонија, Софија Филипиду, на која и посака успех во вршењето на новата должност, заблагодарувајќи се воедно и за досегашната поддршка од Грција во евроинтеграциските процеси на нашата држава. Како што соопшти денеска Министерството за економија, Бектеши и …

Повеќе »