Breaking News

Toni Ivanoski

Од годинава повратот на ДДВ од фискални сметки ќе се зголеми на 2.100 денари

Од оваа година повратот на данокот на додадена вредност од фискалните сметки наместо 1.800 денари ќе се зголеми на 2.100 денари. Предлог-законското решение е во собраниска процедура и ставено е како шеста точка на денешната 99. пленарна седница. Законот се носи по скратена постапка. Правото на враќање на ДДВ се …

Повеќе »

Слаби врнежи од снег на Маврово и Попова Шапка

Слаби врнежи од снег утринава има на Маврово и Попова Шапка, а на останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. бак/

Повеќе »

Облачно со повремени врнежи од дожд

Времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Попладне врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места со послаб интензитет. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал …

Повеќе »

Рекордна продажба на автомобили Ролс Ројс во 2022 година

Луксузните автомобили не се погодени од кризата на трошоците за живот, бидејќи британскиот производител на автомобили Ролс-Ројс во 2022 оствари најголема годишна продажба со вкупно 6.021 продадени примероци. Ова претставува зголемување од осум отсто во однос на 2021 година, со испораки до клиенти во околу 50 земји, соопшти компанијата која …

Повеќе »

Прва координација во Собранието за годинава, Договорот со ФРОНТЕКС на утрешната седница

Првата пленарна седница на Собранието за годинава ќе започне утре, а една од точките на дневниот ред е Предлог на закон за ратификација на Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативните активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија …

Повеќе »

Спортскиот клуб Бенфика под истрага за местење натпревари

Португалскиот фудбалски гигант Бенфика е под истрага за наводно местење натпревари во периодот од 2016 до 2020 година, јавија локалните медиуми. Португалската полиција почна истрага откако во јавноста излегоа информации по хакерски напади на бројни клупски фајлови. Под истрага се сите луѓе кои во тој период биле дел од раководството, …

Повеќе »

За новогодишните и божикните празници нема примено пациенти со повреда од петарди

За време на новогодишните и божиќните празници на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје не бил примен ниту еден пациент со повреда од петарди и пиротехнички средства. – Се надеваме дека овој тренд ќе го зачуваме и понатаму и во наредните години, информираат од Универзитетската клиника за …

Повеќе »

Дизелот поевтинува, цената на бензините останува иста

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поевтинува за еден денар за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,04 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС …

Повеќе »

Народните избраници да ги направат сите можни измени кои ќе го отворат пристапниот пат кон ЕУ, порача амбасадорката Агелер

Пристапувањето кон ЕУ е од клучно значење за Северна Македонија и ги поттикнуваме народните избраници да постапуваат во интерес на граѓаните и да постапуваат што е можно побрзо и да ги направат сите можни измени кои што ќе го отворат пристапниот пат кон Европската Унија, порача денеска амбасадорката на САД …

Повеќе »

Нема платени реклами за претседавањето со ОБСЕ, станува збор за стручна поддршка, изјави Османи

Нема никакви платени реклами за претседавањето на земјава со ОБСЕ, но бидејќи овој историски момент е од особено значење за нашата држава ги замоливме телевизиите кои можат бесплатно да ги емитуваат, порача министерот Бујар Османи на денешната прес-конференција, додавајќи дека рекламни кампањи не треба да се сфаќаат како презентација на …

Повеќе »