ЈП Водовод и канализација – Скопје известува дека денеска, од 14:30 часот, без вода ќе бидат дел од корисниците на улицата „Никола Парапунов“, во Црниче.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради поправка на шибер Ф-150 мм на таа улица. Корисниците без вода ќе бидат од 14:30 часот до санирање на дефектот.
Поради дефект на огрлица Ф-200 мм на улица „Црниче“ бр.30 во населба Водно, денеска, од 15:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците „Црниче“ и „Банско“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 15:00 часот до санирање на дефектот.ир/цр