Breaking News

Средба на министерот Бектеши со грчката амбасадорка Филипиду


Министерот за економија, Крешник Бектеши се сретна со новоименуваната амбасадорка на Грција воСеверна Македонија, Софија Филипиду, на која и посака успех во вршењето на новата должност, заблагодарувајќи се воедно и за досегашната поддршка од Грција во евроинтеграциските процеси на нашата држава.


Како што соопшти денеска Министерството за економија, Бектеши и Филипиду зборувале за заедничките инвестиции на двете земји во енергетика и диверзификација на изворите на енергија, кои, се од големо значење на Северна Македонија, но и целиот регион.


Разговарале и за досегашната економска и трговска соработка помеѓу двете земји која, потенцираат од Министерството, бележи континуиран раст и достигна рекордно ниво во последните неколку години, како и за можноста дополнително да се продлабочи.

-Министерот истакна дека доказ за зацврстувањето на билатералните односи помеѓу двете земји е и податокот што вкупната трговска размена меѓу Северна македонија и Грција во 2021 година бележи раст ид 51 процент, додека од јануари до септември минатата година трговската размена бележи раст од дури 94,3 проценти. Двајцата соговорници се согласија дека има голем простор за зголемување на соработката помеѓу двете земји пред се во делот на енергетиката и инвестициите во обновливи извори на енергија, соопшти Министерството за економија.лв/са/