Санкционирани 174 возачи во Скопје, 11 за возење под дејство на алкохол


Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден при контроли во областа на сообраќајот на територија на град Скопје изрече вкупно 174 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за возење под дејство на алкохол, четири мерки за нерегистрирани возила.


Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), две санкции за возач почетник…, информираат од МВР.


Од МВР посочуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и посигурни патишта. аа/

Скопје, 14 јануари 2023 (МИА)