Breaking News

Трипуновски:  Пет години не е извршено порибување со Охридска пастрмка што го загрозува рибниот фонд


Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипиновски денес е во работна посета на Охрид каде што го оствари средби со Здружение на Ловци Охрид и Здружение на риболовци Свети Апостол Петар – Охрид.


Денеска сум на работна посета во охридскиот регион, само што завршив со средбата со рекреативните риболовци од Охрид. Констатацијата е повеќе од загрижувачка, Охридското Езеро веќе од 2019 година до денес нема извршено порибување на Охридската пастрмка, контролата и заштитата на езерото практично и да не се спроведува, а од друга страна немаме ни концесионер ниту за рекреативен ниту за стопански риболов. – изјави Трипуновски.


Трипуновски потсети за еден телефонски разговор кој излезе во јавноста каде што практично се правеше нарачка како да се остави Охридското Езеро на милост и немилост на сите рибокрадци и на нелегален риболов.

Познатиот бренд Охридска пастрмка се помалку го има затоа што државата изминативе не води никаква грижа. Она што го ветивме пред рибарите е дека по 8ми мај, по завршувањето на изборниот процес и формирањето на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ даваме сериозен фокус во заштитата и обновата на овој рибен фонд, односно управувањето со езерото да биде согласно законската регулатива. – заврши Трипуновски.


 

.


Извор: МИА