Breaking News

Tag Archives: СВЕТ

Се зголемува бројот на загинати во нападот врз Одеса

– Пет лица загинаа во вчерашниот руски ракетен напад врз градот Одеса во југозападна Украина, се вели во најновиот биланс објавен денеска од локалните власти. Бројот на жртвите од вчерашниот руски ракетен напад врз Одеса се искачи на пет, бидејќи едно лице почина во болница, напиша регионалниот гувернер Олег Кипер …

Повеќе »

Израелски медиуми јавуваат дека ИДФ ги одобриле плановите за операција во Рафа

– Началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Херзи Халеви ги одобри конечните планови за воена операција во градот Рафа и во бегалските кампови во Појасот Газа, пишува Ynet Њуз. Без да го наведе изворот на информацијата, сајтот тврди дека израелски тенкови се на границата на Газа и се …

Повеќе »

Нов инцидент меѓу Кина и Филипините во Јужното Кинеско Море

– Филипините денеска ја обвинија кинеската крајбрежна стража за употреба на водени топови против два филипински брода и блокирање на пристап до спорниот гребен во Јужното Кинеско Море, а Пекинг потврди дека „одбил“ чамци од островот. – Кинеската крајбрежна стража повторно постави пловечка бариера од 380 метри, со што го …

Повеќе »

Студентите кои протестираа поради војната меѓу Израел и Хамас се судрија со полицијата во Тексас

Демонстрантите и полицијата синоќа се судрија во кампусот на Универзитетот во Тексас при што дојде до десетици апсења, а Универзитетот Колумбија во Њујорк почна да ги суспендира студентите, јавија странските агенции. Според локалниот адвокат на Универзитетот во Остин, најмалку 40 демонстранти се уапсени синоќа под обвинение за нарушување на јавниот …

Повеќе »

Девет жртви во уривање на воен хеликоптер во Колумбија

– Воен хеликоптер се урна во северна Колумбија при што загинаа сите девет патници во него, соопшти армијата на јужноамериканската земја. Хеликоптерот Ми-17 се урнал во близина на градот Аренал дел Сур во департманот Боливар во северна Колумбија, соопшти војската. – Жалам за смртта на деветмината војници во воениот хеликоптер …

Повеќе »

Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари

Еден од добитниците на минатомесечниот историски џекпот на Пауербол (Powerball) од 1,3 милијарди долари е имигрант од Лаос кој боледувал од рак осум години, а минатата недела го имал последниот круг на хемотерапија. Ченг Чарли Сифан од Портланд на прес-конференција одржана од Лотаријата во Орегон рече дека тој и неговата …

Повеќе »

Најмалку шест жртви во напад во џамија во Авганистан

– Вооружен маж уби шест лица и рани едно во напад во џамија во провинцијата Херат, западен Авганистан, соопшти рано утринава Министерството за внатрешни работи на земјата. Непознато лице синоќа околу 21:00 часот по локално време пукало во верници во квартот Гузара, јужно од главниот град на провинцијата. Шест цивили …

Повеќе »

Фајненшл Тајмс му дозволи на ЧатЏПТ да ги користи неговите написи за обука

– Фајненшл тајмс потпиша договор со OpenAI за лиценцирање на содржината на весникот за развој на модели со вештачка интелигенција и дозволи ChatGPT да одговара на прашања со резимеа што му се припишуваат на весникот. Развивачот на вештачка интелигенција склучил договор за лиценца со британскиот деловен весник и ќе може …

Повеќе »

Повторно еруптира вулканот Маунт Руанг во Индонезија, наредена евакуација

– Вулканот Маунт Руанг во Индонезија денеска повторно еруптираше, поради што властите го подигнаа нивото на тревога на највисоко ниво и наредија итна евакуација во радиус од шест километри. Ерупцијата на Маунт Руанг, кој се наоѓа во провинцијата Северен Сулавеси, предизвика облаци од пепел и чад во висина од 2. …

Повеќе »

САД ја отфрлија можноста Меѓународниот кривичен суд да го истражува Израел

– Белата куќа синоќа соопшти дека е против истрагата на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за акциите на Израел во Појасот Газа, јави ДПА. Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер рече дека Вашингтон „не ги поддржува“ истрагите нагласувајќи дека „не верува дека тие имаат јурисдикција“. Новинарите неколку пати ја прашаа Жан-Пјер …

Повеќе »