Tag Archives: СВЕТ

Украина воведе санкции против 37 поединци и повеќе од 200 компании

– Претседателот на Украина Володимир Зеленски потпиша указ за воведување санкции против повеќе од 200 правни лица и 37 физички лица, вклучително и авиокомпанијата Волга-Дњепар и нејзиниот шеф Алексеј Исаикин. Според документот објавен на веб-страницата на Зеленски, меѓу компаниите кои се санкционирани се Багаевски Терминал за вода, Евротек-Универзал, ХМС Група, …

Повеќе »

Орбан го спореди проектот за обединување на ЕУ со стремежот на Хитлер за светска доминација

– Унгарскиот премиер Виктор Орбан го спореди проектот за обединување на ЕУ со стремежот на Адолф Хитлер за светска доминација, јави ДПА. – Уште од крајот на Римската империја, се прават напори за повторно воспоставување на истата територија, изјави десничарскиот лидер во унгарскиот град Веспрем. – Византија, Карло Велики, германскиот …

Повеќе »

Зеленски на средба со Матарела

– Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во Рим и се сретна со италијанскиот претседател Серџо Матарела, а се очекува да се сретне и со други италијански функционери и со папата Франциск, јави ДПА. Зеленски пристигна во палатата Квиринал, официјалната резиденција на Матарела во италијанскиот главен град, нешто по 12 …

Повеќе »

Финансиските лидери на Г7 ветија дека ќе ја запрат инфлацијата и ќе ги зајакнат синџирите на снабдување

– Финансиските лидери на Групата седум најбогати либерални демократии (Г7) на крајот од тридневниот состанок во Јапонија изразија поддршка за Украина и решеност да се обезбеди спроведување на санкциите против Русија поради нејзината агресија. Министрите за финансии на Г7 и шефовите на централните банки ги завршија разговорите во Нигата, Јапонија, …

Повеќе »

Германија најави нов пакет воена помош за Украина во вредност од 2,7 милијарди евра

– Германската Влада денеска соопшти дека подготвува нов пакет воена помош за Украина во вредност од 2,7 милијарди евра, вклучувајќи и испорака на бројни тенкови, оклопни возила и системи за противвоздушна одбрана. – Сите ние сакаме брз крај на оваа ужасна војна на Русија против украинскиот народ, но за жал …

Повеќе »

Киев: Најмалку 480 деца се убиени од почетокот на војната

– Најмалку 480 деца се убиени од почетокот на војната, соопшти украинското државно обвинителство. Оттаму додаваат дека од почетокот на руската инвазија на Украина, повредени се 968 деца. Последните податоци покажуваат дека се евидентирани 86. 237 злосторства на агресија и воени злосторства, заедно со 17. 123 злосторства против националната безбедност. …

Повеќе »

Албанските граѓани утре избираат нова локална власт

– Во Албанија утре се одржуваат локални избори, трети по ред по новата територијална поделба усвоена во 2014 година, кога од 365 функционираат 61 општина. По завршувањето на едномесечната изборната кампања на политичките партии, преполна со меѓусебни обвинувања и ветувања за подобра иднина, од синоќа на полноќ, до утре во …

Повеќе »

На границата меѓу САД и Мексико релативно мирно, почна спроведувањето на новите правила за миграција

– На границата меѓу САД и Мексико владее релативен мир по укинувањето на ограничувањата воведени поради пандемијата и истовременото стапување во сила на новите прописи за имиграција. Мигрантите се приспособија на новите строги прописи воведени за да се обесхрабрат илегалните преминувања и чекаат да се реализира ветувањето за нови легални …

Повеќе »

Кипар и Малта ги укинаа „златните пасоши“ издадени на Руси

– Во екот на руската инвазија врз Украина, земјите-членки на ЕУ, Кипар и Малта, укинаа неколку десетици таканаречени „златни пасоши“ што им ги издале на руски државјани, соопшти Европската унија. Фразата се однесува на контроверзната практика на доделување државјанства на граѓани кои не се членки на ЕУ, најмногу во замена …

Повеќе »

Португалскиот Парламент одобри активна евтаназија

– Парламентот на Португалија го одобри контроверзниот закон за легализирање на активната евтаназија, пренесе ДПА. На петтиот обид да се донесе предлог-законот преку Собранието на Републиката во Лисабон, пратениците го поддржаа со јасно мнозинство од 129 гласови „за“ и 81 „против“. Првите четири обиди не успеаја поради вето на претседателот …

Повеќе »