Breaking News

Tag Archives: СВЕТ

Мицотакис преку Тик Ток ги повикува заинтересираните граѓани да се пријават за поштенско гласање на евроизборите

– Преку видео на платформата Тик Ток, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ги повикува сите заинтересирани граѓани да се пријават за поштенско гласање за претстојните европски избори на 9 јуни, за како што вели, да гласаат од каде сакаат, без да биде потребно да посетат гласачко место, но и да заштедат …

Повеќе »

Германија наскоро ќе ја продолжи соработката со УНРВА

Германската влада планира да ја продолжи соработката со Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) во Појасот Газа во блиска иднина, соопштија денеска германското Министерство за надворешни работи и Сојузното Министерство за економска соработка и развој. УНРВА – главниот обезбедувач на хуманитарни услуги …

Повеќе »

За европските избори во Хрватска пријавени 25 листи

– Хрватската Државна изборна комисија (ДИК) доби 25 кандидатски листи за европските избори во Хрватска, што е за осум помалку од 2019 година, јави Хина. На 9 јуни во Хрватска ќе се одржат избори за Европскиот парламент, а на нив треба да се изберат 12 европратеници со мандат од пет …

Повеќе »

Поплави во Кина

– Околу 127 милиони луѓе во Кина се во состојба на готовност по поплавите во кои загинаа најмалку четири лица, а десетици илјади беа принудени да ги напуштат своите домови. Силно невреме ја опустоши јужна Кина од четвртокот, а 11 лица се исчезнати во поројните дождови кои поплавија градовите и …

Повеќе »

„Велигденска кошничка“ од денеска во грчките супермаркети со производи по пристапни цени

– Во супермаркетите во Грција од денеска се воведува „Велигденска кошничка“, односно на постоечката „Кошничката за домаќинствата“, со основните продукти се додаваат производи поврзани со Велигден, чии цени треба да останат исти или да има минимални зголемувања, јави дописничката на МИА од Атина. „Велигденска кошничка“ содржи јагнешко и козјо месо, …

Повеќе »

АИ: Глобалните човекови права соочени со најсериозни закани

Човековите права ширум светот се соочуваат со најсериозните закани во последните неколку децении, соопшти Амнести интернешенл (АИ) во својот годишен извештај објавен денеска. Организацијата ги истакна конфликтите во Газа и Украина, како и ширењето на авторитарните влади, кои му штетат на меѓународниот поредок со кршење на меѓународното право и игнорирање …

Повеќе »

Блинкен во посета на Кина

– Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигнува во Шангај во време кога односите меѓу САД и Кина се на постабилна основа, но со низа нерешени прашања кои ја загрозуваат стабилноста на односите на глобалните ривали. Блинкен ќе се сретне со бизнисмени пред да замине за Пекинг во петок на …

Повеќе »

Стејт департмент: САД со гордост ја спонзорираат резолуцијата за геноцидот во Сребреница

САД со гордост ја спонзорираат предлог резолуцијата за геноцидот во Сребреница, што е претставен од Руанда, Германија и Босна и Херцеговина, соопшти Стејт департментот. „Соодветното одбележување на тоа злосторство, како и сеќавањето на илјадниците кои ги загубија своите животи, се во согласност со претходните напори на Обединетите нации за признавање …

Повеќе »

Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил

Пет мртви тела, меѓу кои и три деца, се пронајдени во куќа во американската сојузна држава Оклахома. Од полицијата велат дека мажот ги убил сопругата и трите деца, а потоа се самоубил. Полицијата верува дека Џонатан Кенди (42) се скарал со сопругата, 39-годишната Линдзи Кенди, а потоа пукал повеќе пати. …

Повеќе »

ОН: Во 2023 бројот на случаи на сексуално насилство во конфликти е зголемен за 50 отсто во однос на претходната година

– Обединетите нации објавија дека во 2023 година бројот на случаи на сексуално насилство во конфликти е зголемен за 50 отсто во однос на претходната година, пренесува Анадолија. Во Советот за безбедност на ОН се одржа седница за сексуално насилство во конфликти. Прамила Патен, специјална претставничка на генералниот секретар на …

Повеќе »