Breaking News

Tag Archives: СВЕТ

Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана

Трето лице е уапсено во истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов, соопшти денеска московскиот суд, цитиран од британските медиуми. Според правосудните органи, приведениот Александар Фомин, кој е соосновач на градежната компанија „Олимписистрој“, е осомничен за давање мито на Иванов, кој беше уапсен во вторникот, како …

Повеќе »

Вселенско пристаниште во Шкотска блиску до лансирање на сателит, совладани две од три пречки

Британскиот космодром „SaxaVord“ направи нов чекор кон испраќање сателит во орбитата откако регулаторите му дадоа лиценца за обезбедување безбедни услуги, отворајќи го патот за неговото прво лансирање подоцна оваа година. Британската управа за цивилно воздухопловство (CAA) во денешното соопштение соопшти дека дала дозвола за локацијата „SaxaVord“, која се наоѓа на …

Повеќе »

Стотина приведени на протест во Ереван поради разграничувањето со Азербејџан

Ерменската полиција приведе стотина демонстранти кои го блокираа сообраќајот во Ереван поради договорот со кој ерменскиот премиер Никол Пашинјан се согласи да отстапи неколку погранични области на соседен Азербејџан. Британските медиуми јавуваат дека полицијата насилно ги растера демонстрантите кои го блокираа сообраќајот во центарот на градот, откако претходно тие ја …

Повеќе »

Халил ал-Хаја: Хамас е подготвен на примирје со Израел во случај на „решение со две држави“

 – Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Халил ал-Хаја изјави дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку биде воспостаена палестинската држава со границите од 1976 година, што претставува познато „решение со две држави“. Ал …

Повеќе »

САД собориле четири дронови над Јемен

Соединетите Американски Држави (САД) соборија четири беспилотни летала над областите на Јемен контролирани од бунтовниците Хути, објави вечерва американската воена команда на Блискиот Исток (Центком). -Американските сили уништија четири беспилотни летала кои претставуваа непосредна закана за САД, коалицијата и трговскиот брод во регионот, се вели во соопштението на „Х“. Еден …

Повеќе »

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј

– Пет тинејџери се обвинети за терористички дела во тековната истрага за прободувањето со нож на две лица во црква во Сиднеј на 15 април, соопшти денеска австралиската федерална полиција (АФП). – Пет малолетници се обвинети додека Заедничкиот тим за борба против тероризмот (JCTT) Сиднеј продолжува да ги испитува соработниците …

Повеќе »

Во Молдавија отворена истрага против гувернерката на областа Гагаузија

– Молдавското обвинителство поведе постапка за кривично дело против гувернерката на молдавската област Гагаузија, Евгенија Гуцул што создава предуслови таа да биде судена под обвинение за насочување средства од Русија на промосковска партија. Гуцул, лидерката на Гагаузија, стана позната минатата година и победи на изборите за шеф на автономниот регион. …

Повеќе »

Аризона обвини 18 републиканци за обид да го променат резултатот од изборите во државата во 2020 година

Во американската сојузна држава Аризона, обвинети се 18 лица во врска со обидот за промена на резултатите од претседателските избори во 2020 година во корист на Доналд Трамп, објави државниот обвинител, цитиран од франуските и американските медиуми.  Според американските медиуми, меѓу обвинетите е и Руди Џулијани, личниот адвокат на поранешниот …

Повеќе »

Ирански рапер осуден на смрт заради поддршка на протестите

Иранскиот суд го осуди на смрт популарниот рапер кој беше во затвор повеќе од година и пол поради поддршка на протестите организирани низ целата земја поради смртта на Махса Амини. -Огранокот 1 на Револуционерниот суд во Исфахан го осуди Салехи на смрт под обвинение за корупција, изјави адвокатот на пејачот …

Повеќе »

Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска

Две лица загинаа кога авион со гориво се запали и се урна во близина на меѓународниот аеродром Фербенкс на Алјаска, соопштија денеска властите. Еден од двајцата пилоти во авионот кој превезувал гориво пред падот пријавил дека авионот се запалил непосредно пред да се урне и изгорел во близина на аеродромот, …

Повеќе »