Breaking News

Во Молдавија отворена истрага против гувернерката на областа Гагаузија


– Молдавското обвинителство поведе постапка за кривично дело против гувернерката на молдавската област Гагаузија, Евгенија Гуцул што создава предуслови таа да биде судена под обвинение за насочување средства од Русија на промосковска партија.


Гуцул, лидерката на Гагаузија, стана позната минатата година и победи на изборите за шеф на автономниот регион.


Има затегнати односи со централната влада во Кишињев, која стравува дека Русија и прогонетите олигарси се мешаат во политичкиот живот на земјата.

Гуцул е обвинета дека од 2019 до 2022 година насочувала средства од Русија за финансирање на сега забранетата проруска партија Шор, основана од Илан Шор, прогонет проруски бизнисмен, осуден за измама во Молдавија.


Според обвинителството, „Гуцул активно учествувала во систематското внесување на непријавени финансиски средства во Република Молдавија, кои биле примени од организирана криминална група, пред сè од Руската Федерација“.

јт/Фото: Х .


Извор: МИА