Breaking News

Столтенберг: Русија мора да одговори на прашањата за околностите за смртта на Навални


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја повика Русија да одговори на прашањата поврзани со смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални и додаде дека е неопходно да се утврдат фактите поврзани со неговата смрт.


„Треба да ги утврдиме сите факти, а Русија мора да одговори на сите сериозни прашања за околностите за неговата смрт“, рече Столтенберг.


Канцеларијата на Федералната казнео-поправна служба на Русија за автономниот округ Јамало-Ненецка во соопштение наведува дека Навални се чувствувал лошо по прошетката и изгубил свест, по што неуспешно бил реанимиран, а причината за смртта се утврдува.

Тој отслужуваше 30-годишна затворска казна во тој руски регион под обвинение за екстремизам и измама, а беше познат како остар критичар на Кремљ. рп/Фото: МИА архива   .


Извор: МИА