Breaking News

Стабилно и релативно топло време до поделник


До понеделник ќе продолжи периодот на стабилно и релативно топло време. Во најголем дел од државата ќе биде претежно сончево, освен в сабота кога облачноста ќе се зголеми.


По котлините и понатаму ќе има појава на магла со променлив интензитет. Како што соопшти УХМР, утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.


По котлините ќе има појава на магла и пониска дневната температура. Минималната температура ќе се движи од -4 до 2, а максималната од 9 до 17 степени.  Вo Скопје ќе биде магливо и тивко.

За викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, по котлините ќе има појава на магла и пониска дневна температура. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.


Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4 степени, а максималната од седум до 15 степени.

В понеделник ќе биде променливо облачно, по котлините ќе има појава на магла и пониска дневна температура. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.


Минималната температура ќе се движи од -4 до 3 степени, а максималната температура од осум до 16 степени. мд/ац/Фото: МИА архива   .

Извор: МИА