Breaking News

Шефицата на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во посета на Јавното обвинителство


Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска имаше средба со шефицата на Набљудувачката мисија за изборите на ОБСЕ/ОДИХР Џилиан Стирк.


На средбата присуствуваа и јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, претседател на Комисијата на Јавното обвинителство за следење на евентуални изборни нерегуларности, како и Елена Коваљова, правен аналитичар од ОДИХР, соопшти ЈОРСМ.


Коцевски ги запозна претставниците на Набљудувачката мисија со законските надлежности и со организацијата на Јавното обвинителство за следење на претстојните претседателски и парламентарни избори.

Притоа, беа разменети информации во однос на кривичните дела од Глава 16 од Кривичниот законик, како и останатите кривични дела кои посредно можат да влијаат врз текот на изборите и за кои исто така обвинителството приоритетно ќе постапува.


– Во интензивна комуникација сме со МВР, но и со Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и Антикорупциската комисија, со кои активно се координираме во следењето на изборниот процес согласно нашите законски надлежности, нагласил Коцевски на средбата со шефицата на мисјата на ОБСЕ/ОДИХР.

са/дма/Фото: ЈОРСМ .


Извор: МИА