Breaking News

Сесија на НКЕУ-МК за тема од областа на земјоделството и руралниот развој


Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК) денеска ќе  одржи 11-та сесија од Работната група 1 (Поглавје 11) – Земјоделство и рурален развој, на тема: „Трансфер на знаење и иновации: Систем на знаење и иновации во земјоделството (AKIS)“.


Воведни обраќања во темата ќе имаат проф.


Милева Ѓуровска, национален координатор на НКЕУ-МК и претседателка на Европско движење во Република Северна Македонија, и Хенрик Маркуш, амбасадор на Словачка во Северна Македонија.

-Во рамките на Работната сесија ќе се одржи панел-дискусија на која ќе учествуваат експертите: Гоце Георгиевски, раководител на сектор за рурален развој во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство; Доналд Аквилина и Димитар Ванев од проектот финансиран од ЕУ „Модернизација на советодавните услуги за операторите во областа на земјоделството во Северна Македонија“; Ана Симоновска, професорка на Факултетот за земјоделски науки и храна, Институт за агроекономија при Универзитетот „Св.


Кирил и Методиј“ – Скопје и Билјана Петровска-Митревска од Национална федерација на фармери, соопшти Европско движење во Република Северна Македонија.

Експертите ќе елаборираат прашања поврзани со развојните тенденции, за начинот на функционирање и придобивките од Системот за знаења и иновации во земјоделството во Европската Унија, познат како АКИС и се очекува да се дефинираат клучните прашања за патиштата на имплементација на овој значаен механизам на Европската заедничка земјоделска политика.


Проектот Национална конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија е платформа за вклучување на граѓанскиот сектор во дебати за теми поврзани со процесот на европската интеграција, со цел да се подготват сите капацитети на државата за претстојниот процес на преговори со ЕУ.

Проектот се реализира од страна на Европското движење во Република Северна Македонија, а е финансиран од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија и SlovakAid.


хс/са/Фото: МИА архива   .

Извор: МИА