Breaking News

Ринкевичс : Навални беше „брутално убиен“ од Кремљ


Претседателот на Летонија Едгарс Ринкевичс денеска на мрежата Х напиша дека рускиот опозициски лидер Алексеј Навални бил „брутално убиен од Кремљ“.


„Што и да мислите за Алексеј Навални како политичар, тој беше брутално убиен од Кремљ. Ова е факт и е нешто што треба да се знае за природата на сегашниот режим во Русија.


Моето сочувство до неговото семејство и пријателите“, додаде Ринкевичс. паг/Фото: ЕПА   .

Извор: МИА