Breaking News

Песков: Путин e информиран за смртта на Алексеј Навални


Рускиот претседател Владимир Путин е информиран за смртта на Алексеј Навални, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Претседателот е информиран“, рече Песков.


Тој додаде дека Федералната казнено-поправна служба спроведува проверка и дека не се потребни дополнителни налози.


„Колку што сега знаеме, во согласност со постоечките правила, Федералната служба за спроведување на затворските казни ги врши сите проверки, ја разјаснува ситуацијата.

Не се потребни налози, бидејќи постои процедура за такви ситуации по која што Федералната служба сега се раководи“, рече Песков. рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА