Breaking News

Парламентарни избори во Пакистан


– Во Пакистан денеска се одржуваат парламентарни избори на кои 44 партии се борат за 266 места во Долниот дом на Парламентот – Националното собрание.


Помалите партии би можеле да играат клучна улога во формирањето влада на која и се потребни 169 места во Националното собрание со вкупно 336 пратеници за мнозинство.


Додека 266 членови директно се избираат од гласачите, а 60 места се резервирани за жени и 10 за претставници на немуслиманските малцинства.

Изборите се одвиваат под засилено обезбедување поради нападите во немирната југозападна провинција Балучистан, каде во два бомбашки напади загинаа најмалку 30 лица загинаа, а околу 25 се повредени.


Пакистан е во состојба на готовност, а војската е распоредена на избирачките места. Десетици илјади војници и паравоени сили се распоредени низ целата земја.

Пакистан објави и дека од безбедносни причини ги затвора границите со Иран и Авганистан на еден ден.


Во Пакистан изминатиот период се почести се милитантни напади, а земјата се соочува со економска криза и длабоко поларизирано политичко опкружување.

Се очекува борбата да биде меѓу кандидатите поддржани од поранешен премиер Имран Кан, чија пакистанска партија Техрик-е-Инсаф (ПТИ) победи на последните избори, и Пакистанската муслиманска лига (ПМЛ-Н) на премиерот Наваз Шариф, кој важи за фаворит.


 ми/фото: ЕПА .

Извор: МИА