Breaking News

Министерство за култура: Сите обврски на Агенцијата за филм ќе бидат сервисирани


Во интерес на транспарентно информирање, Министерството за култура повторува дека кратење на буџетот за филм нема да има. .


Со оглед на новото соопштение на Агенцијата за филм, информираме дека, сите обврски кои Агенцијата ги има преземено кон своите корисници, ќе бидат навремено сервисирани, согласно динамиката и месечните планови, велат од Министерството за култура.


Извор: МИА