Breaking News

Ковачевски и Лога на доделување изводи на неевидентирани лица


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе се обрати на настан во Скопје по повод доделување изводи на лица кои досега не биле евидентирани во матична книга на родени.


 Како што соопштија од владината прес-служба, на настанот ќе присуствуваат и министерот на правда, Кренар Лога, директорот на Управата за водење на матични книги, Емир Сулејмани и претседателката на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Соња Мираковска.


вг/лв/Фото: МИА Архива .

Извор: МИА