Breaking News

Казнети 205 возачи во Скопје, 55 за брзо возење


Вкупно 205 мерки, меѓу кои и 55 за возење повеќе од дозволената брзина, изречени се синоќа при контролите во областа на сообраќајот спроведени од Секторот за внатрешни работи Скопје на територијата на градот.


Како што соопшти МВР, изречени се и 17 мерки за возење без возачка дозвола, три за управување возило под дејство на алкохол, осум за прекршоци што ги чинат возачи на моторцикли, две санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет за користење мобилен телефон при управување возило и три мерки за некористење сигурносен појас.


Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираатза почитување на сообраќајните правила и прописи за побезбедни и посигурни патишта. вг/ .

Извор: МИА