Breaking News

Харис: Ако се потврди, смртта на Навални е уште еден доказ за бруталноста на рускиот претседател


Потпретседателката на Соединетите Американски Држави, Камала Харис денеска изјави дека Америка се обидува да утврди дали е точна веста дека рускиот опозициски лидер Алексеј Навални починал и ако е точна, тоа е, тврди таа, уште еден доказ за бруталноста на рускиот претседател.


„Почина во Русија. Ова е, секако, страшна вест, чија потврда работиме. Моите молитви се со неговото семејство, вклучувајќи ја и неговата сопруга Јулија, која е денес со нас.


И ако се потврди, ова ќе биде уште еден знак за бруталноста на Путин. Каква и да е приказна да раскажуваат, да бидеме јасни, Русија е одговорна.

И за тоа ќе имаме повеќе да кажеме подоцна“, рече таа на панелот на Минхенската безбедносна конференција.


Канцеларијата на Федералната казнено-поправна служба на Русија за автономниот округ Јамало-Ненецки соопшти денеска дека починал рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој таму издржувал затворска казна.

рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА