Breaking News

Гутереш: Светот е повеќе поделен отколку било кога во изминатите 75 години


Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изјави денеска дека нашиот свет се соочува со егзистенцијални предизвици, но дека светот е повеќе поделен отколку било кога во изминатите 75 години.


На Минхенската безбедносна конференција, на панелот за глобалниот поредок, тој истакна дека таа поделеност е помалку опасна отколку за време на Студената војна, бидејќи заканата од нуклеарна војна сега е реална.


„Денес, во нашиот мултиполарен свет, сè уште се соочуваме со нуклеарна опасност.

И има уште две закани за егзистенцијалната димензија – климатската криза и ризикот од неконтролирана вештачка интелигенција.


И не бевме во можност да преземеме ефективни чекори за да одговориме ниту на еден од овие егзистенцијални предизвици“, рече Гутереш.

Според него, иако мултиполарноста создаде важни можности за рамнотежа и правда, транзицијата кон мултиполарност без силни глобални институции може да направи хаос.


„Кога односите на моќта се нејасни, се појавуваат опасности од агресивен опортунизам и растат погрешните пресметки. А денес, гледаме дека земјите работат што сакаат без одговорности.

Се чини дека неказнивноста е името на играта. И затоа сите мораме да бидеме одлучни повторно да воспоставиме примат на владеењето на правото.


Како што покажува Минхенскиот извештај за безбедноста, релативните добитоци преку натпреварување меѓу земјите имаат приоритет во однос на апсолутните добитоци преку соработка.

А кризите се множат, поврзани со конкуренцијата и неказнувањето“, оцени Гутереш. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА