Breaking News

ВЕСТИ

Во очекување на томосот – една година од враќањето на МПЦ-ОА во канонско единство

Со одлука на Светиот синод на Вселенската патријаршија, возглавен патријархот г. г. Вартоломеј, на денешен ден пред една година беше отстранета повеќедецениската шизма наложена врз древнатa Охридска архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ. Со тоа практично Вселенската пpатријаршија ја призна црковната јерархија предводена од архиепископот Стефан за канонска и валидна …

Повеќе »

Министерката Петровска на Меѓународниот саем за одбрана и безбедност во Атина

– Министерката за одбрана Славјанка Петровска ќе учествува на Меѓународниот саем за одбрана и безбедност DEFEA 2023 што од денеска до четврток се одржува во Атина, а на маргините планирана е и средба со нејзиниот грчки колега Никос Панајотопулос, јави дописничката на МИА од Атина.  Според организаторите, на Меѓународниот саем …

Повеќе »

Предлог законите за коридорите утре на пленарна седница, продолжува дебатата за употребата на европското знаменце

Предлог – измените на петте закони што се однесуваат на изградбата на коридорите 8 и 10 д, на кои Владата во петокот им стави европско знаменце, утре ќе се најдат на собраниска седница. За власта употребата на европското знаменце на овие закони е оправдано, додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека се …

Повеќе »

Седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат  Комисијата за прашања на изборите и именувањата и Законодавно правната комисија. На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе биде Утврдување предлози за избор на членови на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија. Пред …

Повеќе »

Дебата во ФОН на тема „STOP BULLYING“

Американскиот Универзитет на Европа – ФОН, денеска со почеток во 11:00 часот ќе одржи дебата на тема „STOP BULLYING“.  Од универзитетот најавуваат дека на дебатата ќе учествуваат министерот за образование и наука Јетон Шаќири, заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин и бројни други стручни лица од различни …

Повеќе »

Нови датуми за државната матура бара синдикатот на ДИЦ, Шаќири повика таа да не се доведува во прашање

Невозможно и неизводливо е да се стигнат датумите за државната матура – соопшти вчера синдикатот на Државниот испитен центар (ДИЦ) кој до денеска штрајкува две седмици. Поради неисполнетото барање од Министерството за финансии за зголемување на платите, вчера од МОН побара да го измени календарот за полагање на двата екстерни …

Повеќе »

Ковачевски на средбата со Блинкен: Северна Македонија ги цени САД како близок и сигурен партнер на нашиот пат кон членство во ЕУ

САД гледаат цврст пријател во Северна Македонија, која е многу ценет сојузник во НАТО во време кога тоа навистина значи, и благодарни сме на солидарноста, лидерството за Украина, за дадената помош за нејзина одбрана од руската агресија, изјави синоќа државниот секретар Ентони Блинкен.  Македонскиот премиер Димитар Ковачевски деновиве е во …

Повеќе »

Облачно и посвежо со врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, над 25 литри на метар квадратен за 24 часа. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне …

Повеќе »

Средба Мицкоски-Козма: Изборите да им овозможат на сите граѓани еднакво учество во изборниот процес

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со директорката на Канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни системи – ИЕФС во земјава, Јоана Козма. Од ВМРО – ДПМНЕ известуваат дека на средбата е истакнато дека изборите треба да им овозможат на сите граѓани еднакво и рамномерно учество во изборниот процес, …

Повеќе »

Средба на директорот на БЈБ Сашо Тасевски со генералниот секретар на ИНТЕРПОЛ Јирген Шток

На денешната 50. Европска регионална конференција на Интерпол, која се одржува во Охрид, а чиј домаќин и соорганизатор е Република Северна Македонија, се одржа билатерална средба помеѓу директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски и генералниот секретар на ИНТЕРПОЛ, Јирген Шток. Како што соопшти МВР, на средбата и двајцата …

Повеќе »