ВЕСТИ

Бесими: Европската перспектива ќе се гради низ предизвици и храбри одлуки

Европа нема да биде создадена одеднаш, ниту пак според еден единствен план. Таа ќе биде изградена преку конкретни достигнувања, од кое првото е солидарноста“ – Роберт Шуман, еден од основоположниците на Европската Унија . Извор: МИА

Повеќе »

Османи во Јабланица и Мостар: Средби со градоначалници и претставници на граѓанскиот сектор кои работат на проекти подржани од ОБСЕ

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи денеска ја продолжува својата дводневна посета на Босна и Херцеговина. Во текот на денот Османи ќе оствари теренски посети во Јабланица и Мостар и одблиску ќе се запознае со значајни проекти што овие општини ги спроведуваат со поддршка на ОБСЕ. …

Повеќе »

Изречени 31 санкција за автобуси што вршат превоз на ученици

МВР соопшти дека при вчерашната акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици се констатирани 31 сообраќаен прекршок, а едно возило било упатено на вонреден технички преглед. Контролата е спроведена од 06. 00 до 10. 00 часот на територијата на целата држава. -Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста …

Повеќе »

Планинарски марш на Пелистер во чест на Димитар Илиевски Мурато

Планинарскиот спортски клуб „Пелистер“ во чест и слава на Димитар Илиевски-Мурато, првиот Македонец што се искачи на највисокиот врв на Светот, Еверест, денеска го организира 34. традиционален планинарски марш на кој учествуваат планинари од земјава и странство. Планинарите до Димев Врв на Пелистер ќе стигнат преку две маршрути, изјави за …

Повеќе »

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Скопје Петровец и Крива Паланка

Утрово е најстудено на Попова Шапка, два степена, а максимални 13 степени се измерени во Гевгелија. Најмногу дожд, пак, во изминатите 24 часа, наврнал во Скопје Петровец и Крива Паланка, четири литри на метар квадратен, а најмалку, еден литар на единица површина, во Прилеп, Струмица и Крушево. Како што информира …

Повеќе »

Прослава по повод Денот на Европа во паркот Гази Баба во Скопје

Во паркот Гази Баба во Скопје денеска ќе се одржи прослава по повод Денот на Европа во организација на Јуроп хаус Скопје.  Како што соопштуваат оттаму, денот ќе биде исполнет со разни музички настани, спортски и едукативни активности, како и изложби и активности за најмладите. Во музичката програма предвидено е …

Повеќе »

Натпревар за едукативна роботика за деца од 6 до 10 години

Дванаесет тимови од Скопје, Кочани и Тетово денеска ќе учествуваат на натпреварот за едукативна роботика FIRST LEGO League Explore (FLLE) кој ќе се одржи во Приватното средно училиште „Јахја Кемал“ вo Тетово. Натпреварот е наменет за деца на возраст од 6 до 10 години и вторпат се организира во државава, …

Повеќе »

„Семеен фестивал“ во организација на меѓународните училишта НОВА

Меѓународните училишта НОВА денеска од 11 до 15 часот во училишниот кампус ќе организираат добротворен настан „Семеен фестивал“. Собраните средства од настанот ќе бидат наменети за невладината организација „Да шириме љубов“, која работи со социјално загрозени семејства од Кумановскиот Регион. Се работи за традиционален и најголем годишен настан на НОВА …

Повеќе »

Нема одлагање на државната матура, синдикатот на ДИЦ го стави штрајкот во мирување

– Државната матура ќе се спроведе во утврдените термини – на 27 мај и 10 јуни. Синдикатот на Државниот испитен центар (ДИЦ) вчера одлучи штрајкот за повисоки плати, почнат пред речиси три недели, да го стави во мирување во интерес на матурантите. Одлуката ја донел зашто смета дека со вклучување …

Повеќе »