Breaking News

ВЕСТИ

Ковачевски: Прв пат по 30 години преку модерна инфраструктура се поврзуваме со Исток и Запад и стануваме вистинска крстосница на Балканот

Парите на граѓаните ги вложуваме во нивната иднина, во безбедни патишта, квалитетна инфраструктура и подобри, конкурентни работни места. Инвестираме во капитални проекти од историска важност. Не само што ги поврзуваме градовите и регионите, туку ја поврзуваме и државата со околните земји и светот преку модерна инфраструктура која ќе привлече многу …

Повеќе »

МВР Билтен

Полициски службеници од СВР Тетово вчеравечер (11 мај) околу 23:10 минути, на крстосницата на улиците „Илинденска“ и „108“ во Тетово го лишиле од слобода 27-годишниот тетовец И. М, затоа што му бил пронајден и одземен кокаин. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе …

Повеќе »

Пендаровски на средба со делегација на Советот на американски амбасадори

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација на Советот на американски амбасадори која престојува во работна посета на Република Северна Македонија. На средбата со членовите на делегацијата на Советот, составена од поранешни амбасадори на Соединетите Американски Држави, се разговараше за македонско-американското партнерство и пријателство и регионалните прашања од интерес за безбедноста …

Повеќе »

Опожарениот мост на Вардар целосно затворен за сообраќај

– Градот Скопје по синоќешниот пожар донесе одлука да се затвори сообраќајот за сите моторни возила на мостот што ги поврзува Железничката станица и Ист гејт молот, а од пред неколку минути и за целосно затворање на мостот и за движење на пешаци се додека не се утврдат точните штети …

Повеќе »

Камен темелник за автопатската делница Прилеп-Битола на Коридорот 10д (во живо)

   Свеченост по повод поставување камен темелник  за автопатската делница Прилеп – Битола на Коридорот 10д, една од четирите предвидени за изградба со Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.  На настанот ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, …

Повеќе »

Повлечен путерот од кикирики Bio Chocolate Chip peanut butter, увезен од Словенија

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), постапувајќи по добиена нотификација преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на Европската унија (RASSF), поради недеклариран алерген – млечен протеин, од пазарот повлече и нештетно уништи небезбеден производ – путер од кикирики Bio Chocolate Chip peanut butter, увезен од Словенија. Станува збор …

Повеќе »

Спасовски: ЕУ интеграцијата и прифаќањето на најдобрите практики во работењето се императив за сите МАРРИ учеснички

Во Министерството за надворешни работи денеска беше одржан традиционалниот дипломатски брифинг за активностите на Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци – МАРРИ. На настанот присуствуваа претставници од дипломатскиот кор, меѓународните организации присутни во Република Северна Македонија, како и претставници од институции кои имаат ингеренции во областа на миграциите. На …

Повеќе »

Српска влада: Реконструкција на граничниот премин Прешево-Табановце готова до почеток на летото

Пред почетокот на летото ќе завршат работите за подобрување на сообраќајниот пристап на граничниот премин Прешево – Табановце, кои опфаќаат проширување на пристапните патишта од српска и од македонска страна. Оваа делумна реконструкција на преминот ќе резултира со одредено забрзување на протокот на возила и намалување на задржувањето на бројот …

Повеќе »