Breaking News

Средба Мицкоски-Козма: Изборите да им овозможат на сите граѓани еднакво учество во изборниот процес


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со директорката на Канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни системи – ИЕФС во земјава, Јоана Козма.


Од ВМРО – ДПМНЕ известуваат дека на средбата е истакнато дека изборите треба да им овозможат на сите граѓани еднакво и рамномерно учество во изборниот процес, независно каде тие живеат.


Според партиското соопштение, од страна на Мицкоски е изразено задоволство за системската поддршка која ИФЕС ја дава на развојот на изборниот систем во земјава, македонските институции и политичките партии.

 На средбата исто така е посочена важноста изборните реформи да се во согласност со вредностите, квалитетите и процедурите во демократските развиени општества.


 На средбата учествуваше и секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски. сх/дма/Фото: МИА архива .

Извор: МИА