Breaking News

ВЕСТИ

Почнува со работа Македонската берза за електрична енергија, првиот договор со ЕДС АД

Македонската берза за електрична енергија почнува да функционира од утре, а првиот договор за откуп на енергија индексиран кон MEMO DAM индексот е склучен со компанијата ЕДС АД.  Од ЕДС соопштија дека ќе бидат меѓу првите компании трговци со електрична енергија која што ќе обезбедува електрична енергија за своите клиенти …

Повеќе »

Проект за соларна енергија во станбени згради во општините Карпош и Битола 

Хабитат Македонија и општините Карпош и Битола потпишаа меморандум за соработка на полето на развој на користењето на обновливи извори на енергија во домаќинствата во станбените згради. Оваа соработка е дел од активностите на проектот „Sunrise – потрошувачи-производители на соларна енергија“. Проектот е финансиран од Европската климатска иницијатива (EUKI),  а …

Повеќе »

МНР со одговор до Ковачев: Секој европратеник кој го почитува достоинството на државата и нејзините граѓани е добредојден во Северна Македонија

Секој европратеник кој го почитува достоинството на државата и нејзините граѓани е добредојден во Северна Македонија, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во пишана изјава до медумите, откако бугарскиот европратеник Андреј Ковачев денеска во интервју за БТВ побара прецизно објаснување од официјално Скопје зошто не бил пуштен на граничниот премин …

Повеќе »

На судењето за „Беса транс“ доставени видео записи за преминот на автобусот на граница и работата на царинската управа и граничната полиција

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска со изведување на докази од Обвинителството  продолжи судењето за „Беса транс“. На денешното рочиште беа доставени видео записи за преминот на автобусот на граница и работата на Царинската управа и Граничната полиција. Како што информираше застапникот на обвинението, Владимир Милошевски, до судот се доставени …

Повеќе »

Ковачевски за „Гласот на Америка“: Уставните измени не смеат да бидат предмет на политички условувања

Уставните измени во делот на вклучување на други делови од народи во Преамбулата во нашиот Устав е една од одлуките за кои што е потребно двотретинско мнозинство до пристапувањето на полноправно членство во ЕУ. После таа одлука ќе следува одлука, реформа во правосудството, за тоа се потребни повторно две третини, …

Повеќе »

Костовски: Коридорот 8 ЕУ го признава како европски коридор со геостратешка важност

Коридорот 8 Европската Унија го признава како европски коридор со геостратешка важност, па оттаму, измените на овие закони се носат со европско знаменце, изјави денеска пратеникот од СДСМ Мартин Костовски на прес-конференција. Според него носењето на законските измени е да не се дозволи да се повтори катастрофата со автопатот Кичево …

Повеќе »

Ковачевски и Рубин потпишаа Меморандум меѓу САД и Северна Македонија за создавање партнерство против дезинформациите

Премиерот Димитар Ковачевски, во рамки на работната посета на Вашингтон, оствари средба со Џејмс П. Рубин, специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, известуваат од Владата. – На средбата Ковачевски и Рубин потпишаа Меморандум меѓу САД и Северна Македонија за создавање стратешко партнерство за …

Повеќе »

Петнаесет години од отворањето на Лекторатот по македонски јазик во Риека

Лекторатот по македонски јазик на Филозофскиот факултет во Риека, Хрватска, одбележува 15 години од отворањето и досега настава следеле над две илјади студенти.  -Токму на овој лекторат, во текот на првите децении на 21 век, најголем број студенти посветено ги изучуваат македонскиот јазик, литература и култура, надвор од нашата држава. …

Повеќе »

Спасовски: Осум години од „Диво насеље“ – Никогаш да не се повтори!

Денеска се навршуваат 8 години од „Диво насеље“. Во мое Куманово, и во целата земја, сите бевме во неизвесност од вооружениот напад во кој животот го загубија осум припадници на Министерството за внатрешни работи – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и …

Повеќе »