Breaking News

ВЕСТИ

Од 1 јануари задолжително назначување на даночен застапник за странските лица кои немаат подружница во земјава, а вршат промет на услуги и добра

Од почетокот на годинава, странските лица кои немаат седиште или подружница на територија на државава, а вршат промет на добра и услуги кои подлежат на данокот на додадена вредност, ќе мора да назначат даночен застапник за ДДВ.  Оваа обврска, како што стои во информацијата објавена на веб страницата на Управата …

Повеќе »

Деа Стојковска е првороденото бебе во Штип, си доби 500 евра

Деа Стојковска од Македонска Каменица е првото родено бебе во новата година на Одделението за гинекологија и акушерство при Клиничка болница во Штип. Нејзината 29-годишна мајка Глорија Стојковска на свет ја донесе на 1 јануари во 17:55 часот. При денешната посета од страна на директорот на Клиничка болница-Штип Ален Ѓеорѓијев …

Повеќе »

Се слушна долгоочекуваниот екот од новата камбанарија на манастирот „Света Марена“ во Туминец, Мала Преспа

Пред еден од најголемите христијански празници, Рождеството Христово-Божик, се слушна екот од новата камбанарија во манастирот „Света Марена“ кај Туминец, Мала Преспа, која му недостигаше на овој божји храм. -По долго исчекување нашиот познат манастир доби најсовремена камбанарија. Тоа благодарение на помошта на Македонците од Мала Преспа и од цела …

Повеќе »

Намалена видливост поради магла на Страцин

Намалена видливост до 100 метри поради појава на магла има на Страцин, соопшти јавното претпријатие „Македонија пат“.  Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози. По усеците и клисурите можна е појава на поситни одрони кои, како што велат од ЈП „Македонија пат“, …

Повеќе »

Среќна Нова 2024 посака македонски весник „Илинден“

Новата 2024 година, која зачекоривме на своите почитувани читатели и сите граѓани им ја честита редакцијата на македонскиот весник „Илинден“, со желби за „добро здравје, радост, благосотојба и успеси“. Во исто време искажува благодарност за нивната доверба кон овој печатен медиум на македонски јазик во Албанија. -Почитувани, Ви благодариме на …

Повеќе »

Пресудата од Управниот суд за разрешувањето на Дамева пристигна во Судски совет, ќе биде разгледана утре

– Во Судскиот совет пристигна пресудата од Управниот суд со која се поништува одлуката за разрешување на поранешната претседателка на Советот, Весна Дамева, информираат од Советот. Оттаму велат дека таа ќе биде разгледана утре на работен состанок, а по неа треба да се постапи во рок од 30 дена и …

Повеќе »

ЦУК: „Само“ 1.661 повици за итни случаи на 112 во последното деноноќие, по зголемениот број од 2.020 до 2.145 во празничните деноноќија

Во изминатото деноноќие, во Центарот за управување со кризи (ЦУК) имало вкупно 1. 661 повици на единствениот број за итни случаи 112 (по зголемениот број од 2. 020 до 2. 145 во празничните деноноќија). Од нив, „реални“ повици биле 43,41%, а 56,59% биле за други потреби на граѓаните што не …

Повеќе »

Деспотовски: Ја почнуваме 2024-та со нова инвестиција која само за плати предвидува над 15 милиони евра годишно

Компанија од атрактивна технолошка дестинација од Југоисточна Азија е новата странска инвестиција со која Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) ќе ја почне 2024 година. Како што открива директорот на Дирекцијата Јован Деспотовски во интервју за МИА, инвестицијата ќе биде објавена утре, локацијата е ТИРЗ Скопје 1, а до …

Повеќе »

Добротворен базар на социјални претпријатија за кампањата „Денови за донирање“

Добротворен базар на социјални претпријатија, настан за благодарност на партнерите на првата кампања „Денови за донирање“ организирана од УСАИД, ќе биде одржан денеска на платотото пред Ист гејт мол. Над 2. 000 граѓани, организации и компании се вклучија во кампањата „Денови за донирање“. На денешниот базар обраќања ќе имаат директорката …

Повеќе »

Финален настан на Првата Национална Олимпијада за Вселената

Финалниот настан на Првата Национална Олимпијада за Вселената ќе се одржи денеска на Спортскиот аеродром Стенковец, крај Скопје. Настанот, како што најавија организаторите, го прославува успехот на тимовите од четири регионални натпревари и пилот проект „Прва Национална Олимпијада за Вселената“, со учество на 300 учесници од 20 градови и населени …

Повеќе »