Среќна Нова 2024 посака македонски весник „Илинден“


Новата 2024 година, која зачекоривме на своите почитувани читатели и сите граѓани им ја честита редакцијата на македонскиот весник „Илинден“, со желби за „добро здравје, радост, благосотојба и успеси“.


Во исто време искажува благодарност за нивната доверба кон овој печатен медиум на македонски јазик во Албанија.


-Почитувани, Ви благодариме на довербата која ни ја дадовте како на одговорен, непристрасен и објективен медиум, кој информира и анализира преку својата новинарска екипа за сите настани, за и околу Македонците, за случувањата во државата и пошироко, преку две платформи: печатено и електронско издание, стои во честитката на весникот.

Се додава дека и годинава ќе продолжат со одговорната и многу значајна новинарска работа.


– Во 2024 година, ние ќе продолжиме според новинарските стандарди и етика да ве информираме навремено, објективно и од сите агли за најважните проблеми на Македонците во Република Албанија, настаните кои се случуваат во Албанија, татковината Македонија регионот и во светот, порачува редакцијата на весникот чиј главен и одговорен уредник е Никола Ѓурѓај.

На 1 март 2011 година како двоброј (март/април) беше отпечатен првиот број на весникот, како гласило на македонското друштво „Илинден“ – Тирана.


– Изминативе години, весникот предизвика голем интерес кај македонската читателска публика во Република Албанија, во татковината Македонија, како и меѓу македонската дијаспора во светот.

Весникот „Илинден“ дава голем придонес во евидентирањето и надминувањето на голем број прашања од интерес на Македонците во Република Албанија, и континуирано работи на заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен и културен идентитет и националните традиции на Македонците во Република Албанија, оценуваат од редакцијата.


На 18 минатиот месец излезе од печат 60. издание на весникот кој е гласило на истоименото друштво во Тирана. Од мај 2017 година весникот е со електронско издание www. vesnik-ilinden. coм.

Во септември истата година, е стандардизиран според меѓународните норми за печатени и електронски периодични списанија со ISSN 2522-6282 (online) и ISSN 2522-4514 (print) и дел од двата најголеми читачи на вести и клиентска датотека во Македонија: grid.

mk и daily. mk . вт/Фото: „Илинден“ .

Извор: МИА