Breaking News

Добротворен базар на социјални претпријатија за кампањата „Денови за донирање“


Добротворен базар на социјални претпријатија, настан за благодарност на партнерите на првата кампања „Денови за донирање“ организирана од УСАИД, ќе биде одржан денеска на платотото пред Ист гејт мол.


Над 2. 000 граѓани, организации и компании се вклучија во кампањата „Денови за донирање“.


На денешниот базар обраќања ќе имаат директорката на УСАИД во Република Северна Македонија, Џери Дајбл и извршната директорка на Конект, Никица Кусиникова;На настанот присутните ќе имаат можност преку дадена донација да се стекнат со интересни празнични производи од 12 социјални претпријатија.

Воедно, ќе им биде оддадено и признание на музичките ѕвезди, модните дизајнери, компаниите и донаторите коишто ја поддржаа кампањата „Денови за донирање“ и овозможија да отпочне првиот Донаторски фонд во земјава.


Добротворен базар на социјални претпријатија се одржува во рамки на проектот на УСАИД Партнерства за донирање спроведуван од Конект во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право, Стопанската комора на северозападна Македонија, Индиго и Американската стопанска комора во Северна Македонија.

са/Фото: УСАИД .


Извор: МИА