Breaking News

ВЕСТИ

Антикорупциската комисија ќе го разгледува извештајот за работата за 2023 година 

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 100-та седница на која ќе се расправа по Извештајот за работата на ДКСК за 2023 година и за Годишниот извештај за следење на остварувањето на Националнатата стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 година. На дневниот …

Повеќе »

Предлог законот за помилување на комисиска расправа во Собранието

  Предлог законот за помилување, во прво читање, на предлог на Министерството за правда, денеска е на дневен ред на седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, која треба да расправа и за предлог законите за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител и на …

Повеќе »

Наутро студено, преку ден сончево и натпросечно топло

Времето денеска наутро ќе биде со услови за појава на мaгла понекаде во котлините. Преку ден ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 13 …

Повеќе »

Промоција на книгата „Романија-Македонија, дипломатски разговори, средби и сеќавања (1996-2002)“ од амбасадорот Благој Зашов

 Книгата „Романија-Македонија, дипломатски разговори, средби и сеќавања (1996-2002)“ од амбасадорот Благој Зашов ќе биде промовирана денеска во 12. 00 часот во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје.  Промотор и воедно рецензент на книгата е амбасадорот Виктор Габер, модератор е Ана Јовковска, а за време на настанот ќе се …

Повеќе »

Втор ден штрајк на вработените во ФЗО, очекуваат Владата да разговара за нивното барање

Вработените во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) втор ден штрајкуваат поради најавите за кратење на нивните плати. Сите подрачни единици и денеска нема да извршуваат работни задачи, освен најитните. Според најавеното, ќе бидат скратени услугите кои се однесуваат на барање за рехабилитација, за ортопедски помагала, заверка на ортопедски помагала, за …

Повеќе »

Митрески за празното место во ДИК: Се надевам дека ќе се избере членот, не сакам да оставиме дамка на изборниот процес

Претседателот на Собранието, Јован Митрески за пополнувањето на испразнетото место во Државната изборна комисија и бојкотот на законодавниот дом од опозициските партии на Албанците поради тоа што сметаат дека таа позиција им припаѓа ним, истакна дека остварил средба со нив веднаш по преземањето на функцијата и дека разговарал за да …

Повеќе »

Пожар над Горно Свиларе, гори нискостеблеста вегетација

Пожар избувна вечерва над селото Горно Свиларе, во околината на Скопје. Од скопската Бригада за против пожарна заштита, за МИА изјавија дека упатено е едно возило со тим пожарникари, но не можеле да интервенираат поради непристапноста на теренот. Од Центарот за управување со кризи, информираа дека гори претежно трева и …

Повеќе »

Митрески: Претседателските избори ќе ги распишам на 14 февруари, планирам на ист ден и парламентарните

Претседателот на Собранието, Јован Митрески вечерва соопшти дека претседателските избори ќе ги распише на 14 февруари. Посочи дека планира на истиот ден да ги распише и парламентарните избори. -Во однос на вашето прашање за распишувањето, во Уставот вели од 70 до 90 дена пред одржувањето на изборите, што значи 24 …

Повеќе »

Заврши протестот на студентите, министерот ќе ја разгледа нивната иницијатива за календар на активности

– Студентите што протестираа пред Министерството за образование и наука попладнево незадоволни од доцнењето на исплатата на стипендиите и на другите субвенции се разотидоа и немаа средба со министерот Јетон Шаќири. Тој на прес-конференција рече дека денеска го поканил претседателот на Универзитетското студентско собрание (УСС) на Скопскиот универзитет на средба …

Повеќе »

Митрески – Грегоријан: Конкретна поддршка за чекорите за донесување на Националната развојна стратегија

Претседателот на Собранието Јован Митрески денеска остварил средба со Армен Грегоријан, постојан претставник на Развојната програма на Обединетите нации (УНДП) во земјава, соопштија од собраниската прес-служба. На средбата се разговарало за понатамошно унапредување на соработката, како и за конкретна поддршка од Собранието на Република Северна Македонија за донесување и за …

Повеќе »