Breaking News

Антикорупциската комисија ќе го разгледува извештајот за работата за 2023 година 


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 100-та седница на која ќе се расправа по Извештајот за работата на ДКСК за 2023 година и за Годишниот извештај за следење на остварувањето на Националнатата стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 година.


На дневниот ред меѓу другото се и постапувањата по конкретни предмети. Мандатот на актуелниот состав на ДКСК  завршува утре, а новиот состав ќе стапи на должност задутре.


Седницата ќе се одржи преку ZOOM комуникациската платформа. цр/лв/Фото: МИА архива .

Извор: МИА