Breaking News

Пожар над Горно Свиларе, гори нискостеблеста вегетација


Пожар избувна вечерва над селото Горно Свиларе, во околината на Скопје.


Од скопската Бригада за против пожарна заштита, за МИА изјавија дека упатено е едно возило со тим пожарникари, но не можеле да интервенираат поради непристапноста на теренот.


Од Центарот за управување со кризи, информираа дека гори претежно трева и грмушки на непристапниот терен. -Поради ниските температури има големи шанси пожарот да изгасне сам во текот на ноќта.

Доколку утре наутро пожарот се уште е активен ќе ангажираме воздухоплови, наведуваат од ЦУК. вг/лв/Фото: МИА Архива .


Извор: МИА