Breaking News

Наутро студено, преку ден сончево и натпросечно топло


Времето денеска наутро ќе биде со услови за појава на мaгла понекаде во котлините. Преку ден ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност.


Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степени.


Во Скопје ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 16 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и суво време. Наутро ќе има услови за појава на магла по одделни котлини.


Во текот на работната недела дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината иако постепено ќе опаѓаат. цр/бак/Фото: МИА архива .

Извор: МИА