СВЕТ

Абдиџику: Цел на неделниот напад беше судир на полицијата на Косово со цивилното население

– Претседателот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Љумир Абдиџику изјави дека планот за нападот во Бањска бил организиран од Србија, а тоа, според него, го потврдил и српскиот претседател Александер Вучиќ на конференцијата што ја одржа во неделата на 24 септември, кога беше убиен полицаецот Африм Буњаку, јави дописникот …

Повеќе »

Холанѓанката Миранда де Мејер именувана за нов член на Европското јавно обвинителство

Советот на ЕУ денеска ја именува Холанѓанката Миранда де Мејер за нов обвинител во Европското јавно обвинителство, со што заврши процесот на делумна замена на членовите на Обвинителството.  Со преодните правила за првиот мандат на Европското јавно обвинителство се предвидува една третина од обвинителите да имаат тригодишен мандат без право …

Повеќе »

Спречен воен удар врз преодната влада во Буркина Фасо

Преодната влада на Буркина Фасо објави дека пред два дена бил спречен обид за државен удар против воениот лидер Ибрахим Траоре, не наведувајќи повеќе детали за инспираторите и подготвувачите на пучот. Преодната влада ја информираше јавноста „дека разузнавачките и безбедносните служби спречија обид за државен удар на 26 септември 2023 …

Повеќе »

Во Шпанија ученик со нож избодел двајца врсници и двајца професори

Училиште во јужна Шпанија е евакуирано откако ученик избодел двајца врсници и двајца професори. Нападот се случил рано утринава во Институтот Елена Гарсија Армада во Херез де ла Фронтера, а се сомнева дека има уште неколку повредени студенти. Еден од учениците рано утрото избодел неколку професори и соученици, а потоа …

Повеќе »

Русија ги обвини САД дека ги промовираат израелско-арапските врски пред мирот со Палестинците

Русија ги обвини САД дека промовираат нормализација на израелските односи со арапските земји со заобиколување на Арапската мировна иницијатива, која повикува на решение на израелско-палестинскиот конфликт пред дипломатското признавање на Израел. Во синоќешното соопштение на рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небезња, на месечниот состанок на Советот за безбедност на ОН, …

Повеќе »

Во САД зголемени кражбите во трговските центри, дивеење по улиците на Филаделфија

Националната федерација за широка потрошувачка (НРФ) излезе со анкета што покажува дека кражбите по продавници и трговски центри во САД станале национална епидемија, пишува весникот „Волстрит журнал“. Толпа од гневни млади луѓе пак ограби неколку продавници во Филаделфија.  Според резултатите од анкетата, во 2022 година претежно од кражби ритејлерите останале …

Повеќе »

Сепаратистичките власти во Нагорно Карабах ќе ги распуштат сите институции на 1 јануари 2024 година

Сепаратистичките власти на Нагорно-Карабах денеска, една недела по офанзивата на Азербејџан, соопштија дека ќе ги распуштат сите институции до јануари 2024 година.  Указот на лидерот на оваа енклава најавува распуштање на „сите владини институции и организации 1 јануари 2024 година“. На овој начин „Република Нагорно-Карабах ќе престане да постои“, се …

Повеќе »

Северна Кореја донесе драстична одлука: Уставот е сменет поради нуклеарното оружје

Северна Кореја со уставни амандмани ја зајакна својата политика за развој на нуклеарно оружје, а врховниот лидер Ким Џонг-ун вети дека ќе го забрза производството на нуклеарно оружје за да ги спречи, како што ги нарече, американските провокации, објавија денеска државните медиуми. Врховното народно собрание едногласно ги усвои уставните амандмани …

Повеќе »

ОН: Израел држи 1.264 Палестинци во административен притвор

Израел држи вкупно 1. 264 Палестинци во административен притвор, изјави специјалниот координатор на Обединетите нации за Блискиот Исток, Тор Венесланд, што е најголем број затвореници во последните десет години. „Израелските безбедносни сили извршија 1. 042 операции за пребарување и апсење на Западниот Брег, што резултираше со апсење на 1. 504 …

Повеќе »

Повеќе од 65.000 луѓе избегаа од Нагорно-Карабах во Ерменија

Повеќе од 65 илјади луѓе избегаа од Нагорно-Карабах во Ерменија, повеќе од половина од населението на енклавата заземена од Азербејџан минатата недела, се вели во соопштението на ерменската Влада. Баку го отвори Коридорот Лачин, единствениот пат што ја поврзува енклавата со Ерменија, во неделата, четири дена по капитулацијата на сепаратистите …

Повеќе »