Breaking News

СВЕТ

Рама ја повика евро-атлантската заедница под итно да ги седна на масата за дијалог Косово и Србија за нормализација на состојбата

– Албанскиот премиер Еди Рама, во реакцијата по последните случувања во северниот дел на Косово оценува дека „трагедијата со загубата на животот на косовскиот полицаец е најголемото алармно ѕвоно досега за тековниот ризик долготрајната криза да прерасне во вооружен конфликт“. Додава дека „криминалците кои му го одзедоа животот на невин …

Повеќе »

Првата група бегалци од Нагорно-Карабах пристигна во Ерменија

– Првата група бегалци кои побегнаа од Нагорно-Карабах денеска пристигна во Ерменија, јавија некои светски агенции чии новинари се на границата со енклавата населена претежно со Ерменци, во која Азербејџан неделава спроведе успешна блиц-офанзива. Неколку десетици жители на областа, претежно жени, деца и стари лица, пристигнаа во прифатниот центар што …

Повеќе »

Голем одѕив кај членовите на СИРИЗА на денешните избори за претседател на партијата

– Над 100. 000 членови на СИРИЗА гласале на денешните избори за претседател на партијата до 16 часот, односно на четири часа пред затворање на гласачките места, што според грчките медиуми е поголема бројка во споредба со истиот период за време на првиот круг, јави дописничката на МИА од Атина. …

Повеќе »

Кфор: Продолжуваме да ја следиме ситуацијата, подготвени сме да одговориме доколку е потребно

– Меѓународните мировни сили на Косово (КФОР) денеска соопштија дека продолжуваат внимателно да ја следат ситуацијата во Бањска по нападот врз припадниците на косовската полиција во кој беше убиен еден полицаец. Како што пренесе Бета, командата на КФОР соопшти дека војниците на оваа воена организација се присутни на подрачјето на …

Повеќе »

Претседателот на Србија во 20 часот ќе се обрати на јавноста

– Претседателот на Република Србија вечерва во 20 часот ќе се обрати на нацијата, соопшти службата за соработка со медиумите на српскиот претседател. Како што јави дописникот на МИА од Белград, прес-конференцијата на директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на Владата на Република Србија, Петар Петковиќ, која беше најавена …

Повеќе »

Вархеји остро го осуди нападот врз косовската полиција

– Еврокомесарот за проширување и соседство Оливер Вархеји денеска остро го осуди нападот врз косовската полиција. – Насилството треба веднаш да прекине, напиша Вархеји на Х. Тој изрази сочувство до семејствата на загинатиот полицаец и посака побрзо закрепнување на повредениот. – Ја поддржуваме работата на ЕУЛЕКС и КФОР на терен …

Повеќе »

Косовската полиција потврди дека е убиен еден од групата што уби полицаец во северно Косово

– Косовската полиција потврди дека е убиен еден од членовите на групата кои ја нападнаа косовската полиција на северот на земјата, каде што денеска загина еден полицаец, а друг беше повреден, јави дописникот на МИА од Приштина. Во последното соопштение на косовската полиција се наведува дека ситуацијата на северот од …

Повеќе »

Свечља: Нападите продолжуваат од манастир во Бањско, напаѓачите се опколени

– Косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечља изјави дека од време на време од различни позиции продолжуваат нападите врз косовската полиција на северот на земјата, каде денеска загина еден полицаец, а друг беше повреден, јави дописникот на МИА од Приштина. Свечља тврди дека поголем број напаѓачи се забарикадирани во …

Повеќе »

Лајчак: Го осудувам ужасниот напад, сите веднаш да се вратат на дијалогот

– Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак остро го осуди синоќешниот „ужасен напад врз косовската полиција“. – Насилството во која било форма е апсолутно неприфатливо. Моето срце е со жртвите, нивните семејства и колеги. Сторителите мора да бидат изведени пред лицето на правдата. Сите …

Повеќе »

Два земјотреса ја погодија Грузија

Грузија денеска беше погодена од два земјотреси со интензитет од 4,7 степени и 3 степени според Рихтеровата скала, соопшти Националниот центар за сеизмички мониторинг. Првиот земјотрес се случи на два километри од селото Лелубани кај Мачета, на околу 20 километри северозападно од главниот град Тбилиси, а вториот во Кахети во …

Повеќе »