Breaking News

Абдиџику: Цел на неделниот напад беше судир на полицијата на Косово со цивилното население


– Претседателот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Љумир Абдиџику изјави дека планот за нападот во Бањска бил организиран од Србија, а тоа, според него, го потврдил и српскиот претседател Александер Вучиќ на конференцијата што ја одржа во неделата на 24 септември, кога беше убиен полицаецот Африм Буњаку, јави дописникот на МИА од Приштина.


Во денешното обраќање пред косовското Собрание, Абдиџику оцени дека цел на напаѓачите била „да се создаде нова реалност на север, а за оваа реалност беа потребни и жртви“.


– Во неделата Косово стана цел на добро организиран напад. На чело беше криминалецот кој веќе се претвори во терорист Милан Радојичиќ.

Целта беше да се создаде нова реалност на север, а за оваа реалност беа потребни и жртви.


И тие дојдоа во видот на поклониците кои беа во посета на манастирот во Бањска, како поттикнувачка маса за предизвикување конфликт меѓу косовската полиција и цивилното население на север, оцени Абдиџику.

Тој рече дека благодарение и на координацијата со сојузниците, „неделата се претвори во триумф над теророт“. – На Косово ваквото сценарио веќе му беше познато, времињата се сменија, но луѓето не толку.


Координирајќи се со сојузниците, со храброст и патриотизам, неделата се претвори во триумф над теророт.

Морам да им се заблагодарам на полицајците и на сите учесници во операцијатаСпоред него, „во нормален регион ваквиот терористички напад требаше сите да го осудат, но Западен Балкан не е таков регион“.


– ЛДК со сиот свој капацитет ќе ги поддржи институциите на Косово во вакви конфронтации без сомнение. Но, денес ни треба мудрост. Тоа што го освоивме во Бањска, мора да го добиеме со политика.

Оваа ситуација мора да ја преточиме во позиција на Косово. Координацијата со сојузниците е од витално значење денес. Мора да ги држиме нашите сојузници покрај себе, порача Абдиџику. иа/ссм/ .

Извор: МИА