Breaking News

ОН: Израел држи 1.264 Палестинци во административен притвор


Израел држи вкупно 1.


264 Палестинци во административен притвор, изјави специјалниот координатор на Обединетите нации за Блискиот Исток, Тор Венесланд, што е најголем број затвореници во последните десет години.


„Израелските безбедносни сили извршија 1. 042 операции за пребарување и апсење на Западниот Брег, што резултираше со апсење на 1.

504 Палестинци, меѓу кои и 88 деца“, рече тој на седницата на Советот за безбедност на ОН.


Тој додаде дека во периодот од 15 јули до 19 септември, израелските безбедносни сили убиле 68 Палестинци, меѓу кои 18 деца, за време на демонстрации, судири, безбедносни операции, напади или наводни напади врз Израелци и други инциденти.

рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА