Breaking News

СВЕТ

Една жена загина при ракетен напад врз Израел

– Десетици ракети утрово се истрелани од Појасот Газа кон Израел, при што загина една жена. Во нападот повредени се две лица. Одговорноста за нападот ја презеде палестинската милитантна исламистичка група Хамас. Воениот командант на Хамас Мухамед Ал-Деиф изјави дека цел на нападот биле непријателски позиции, аеродроми и воени позиции, …

Повеќе »

Иран: Нобеловата награда за мир е пристрасна и политички мотивирана одлука

– Министерството за надворешни работи на Иран одлуката на Нобеловиот комитет да ја додели овогодишната награда за мир на иранската активистка за човекови Наргес Мохамади ја оцени како политизација. – Постапката на Нобеловиот комитет е политички потег во согласност со интервенционистичката и антииранската политика што ја спроведуваат некои европски влади. …

Повеќе »

Мелони и Шолц разговараа за илегалната миграција, нова средба кон крајот на ноември

Италијанската премиерка Џорџа Мелони и германскиот канцелар Олаф Шолц разговараа денеска за мигрантското прашање и повторно ќе се сретнат кон крајот на ноември, соопшти канцеларијата на Мелони по средбата на двајцата лидери на маргините на неформалниот самит во Гранада. Во соопштението на италијанската Влада се наведува дека Мелони и Шолц …

Повеќе »

Хасани, Вархеји и Бербок и Хасани за ситуацијата во севрно Косово

– На заедничката прес-конференција, по состанокот на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, и шефовите на дипломатија на Германија и на Албанија, Аналена Бербок и Игли Хасани, одговораа на прашања за ситуацијата во северно Косово. Вархеји беше прашан зошто кон српскиот претседател …

Повеќе »

Абазовиќ: Меѓународната политика не беше ефикасна во регионот, а секоја активност на Рама е во насока за мир во регионот

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, кој присуствуваше на состанокот на министри за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес, во Тирана, во врска со ситуацијата на северот на Косово, во изјава за медиумите оцени дека „меѓународната политика не била многу ефикасна во регионот“ и оти го „чека крајот на …

Повеќе »

Саркози под истрага за наводна измама за време на изборната кампања во 2007 година

Поранешниот француски претседател Никола Саркози е под официјална истрага поради наводна измама во врска со финансирањето на неговата изборна кампања во 2007 година. Саркози е обвинет за „влијание врз сведоци“ и „злосторничко здружување со цел да се направи измама“, јавуваат локалните медиуми. Поранешниот претседател од вторникот беше испрашуван од судија …

Повеќе »

Шпанските власти спасија 262 мигранти кај Канарските острови

Шпанската крајбрежна стража рано утринава спасила 262 мигранти во три чамци кои се обидувале да стигнат до брегот на Канарските острови. Ова се случува во период на нагло зголемување на бројот на обиди за преминување на границата во изминатите неколку дена, а исто така и кога европските лидери разговараат во …

Повеќе »

Вархеји: ЕК ќе донесе план за интеграција на Балканот на европскиот економски пазар

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, по состанокот на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес, што се одржа во Тирана, изјави дека ЕУ ќе продолжи да му помага на регионот на Западен Балкан и дека ЕК ќе донесе забрзан план за интеграција на Балканот на европскиот економски пазар. …

Повеќе »

Развиените земји ветија 9,3 милијарди долари за помош во борбата против климатските промени

Развиените земји на конференција одржана во Бон ветија дека ќе одвојат 9,3 милијарди долари за помош на земјите во развој во борбата против климатските промени. Ветувањата се однесуваат на Зелениот климатски фонд, со седиште во Јужна Кореја, oд кој се финансира помошта за земјите во развој. Станува збор за најголемиот …

Повеќе »

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови Изу

Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтеровата скала ги погоди јапонските острови Изу. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Јапонската метеоролошка служба соопшти дека регистрирала неколку земјотреси со магнитуда од околу 6 степени во морето кај островот Торишима. рп/Фото: МИА архива . Извор: …

Повеќе »