Breaking News

СВЕТ

Зеленски во Гранада: Клучно за нас, особено пред зимата, е зајакнувањето на воздушната одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека е во Гранада, каде што учествува на самитот на кој учествуваат речиси 50 европски лидери и дека се надева на нови договори за зајакнување на воздушната одбрана на Украина. „Клучно за нас, особено пред зимата, е зајакнувањето на воздушната одбрана и веќе имаме …

Повеќе »

ОЛАФ ја заврши истрагата за злоупотреби со ИПАРД 2 фондовите во Албанија

Канцеларијата за борба против измами на Европската комисијата (ОЛАФ) ја заврши истрагата за корупција при исплатата на средствата од ЕУ за Албанија преку земјоделската програма ИПАРД 2, која започна во јули годинава. Како што објави „Еуроактив“, засега нема детали за истрагата или нејзините наоди, бидејќи според извори во ОЛАФ, таквите …

Повеќе »

Украинска армија: Соборивме 24 беспилотни летала од вкупно 29 што Русија ги лансираше синоќа од Крим

Украинската армија соопшти дека соборила 24 беспилотни летала од вкупно 29 лансирани синоќа од Русија . Беспилотни летала Шахед од иранско производство беа истрелани од источен Крим и соборени во јужна и централна Украина, објави денеска украинската армија на Телеграм. Во соопштението на украинските воздухопловни сили не се наведува кои …

Повеќе »

Почна втората фаза од испуштањето вода од Фукушима

Во Јапонија започна утрово втората фаза од испуштањето на прочистената вода од оштетената нуклеарна централа во Фукушима во Тихиот Океан, објави операторот. На 24 август, Тепко ја започна првата фаза на ослободување на водата потребна за ладење на трите реактори во централата Фукушима Даичи во североисточна Јапонија. Силен земјотрес и …

Повеќе »

Силен земјотрес во Јапонија: издадено предупредување за цунами, па повлечено

Јапонскиот архипелаг Изу денеска беше погоден од земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтер. Официјалните лица веднаш издадоа предупредување за цунами, кое подоцна беше повлечено. Епицентарот на земјотресот бил на островот Торишима, на околу 580 километри јужно од Токио. Нема информации за жртви или материјална штета. ссм/ . Извор: …

Повеќе »

Џејмс О’Брајан е новиот помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија

Американскиот Сенат го потврди назначувањето на Џејмс О’Брајан за помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија. За именувањето на О’Брајан гласаа 67 сенатори, а против беа 31 сенатор, соопшти Сенатот. О’Брајан ќе ја замени Јури Ким, некогашна американска амбасадорка во Албанија, на местото помошник државен секретар за Европа …

Повеќе »

Тајфунот Коину предизвикува рекордни ветрови во Тајван

Рекордни ветрови поради тајфунот Коину се регистрирани во Тајван, соопшти централната метеоролошка служба на островот.  На островот Орхидеи, како што посочуваат, синоќа биле измерени ветерови до 95,2 метри во секунда, што е нов рекорд за Тајван. Ова е еквивалентно на ветрови од 342,72 километри на час. Тајванските власти вчера откажаа …

Повеќе »

Луѓето сѐ повеќе ги населуваат областите кои можат да бидат погодени од опасни поплави

Луѓето сѐ повеќе ги населуваат областите кои се многу изложени на опасни поплави, особено во Кина, предупредува студијата објавена синоќа, објавена од економист од Светска банка. -Во време кога изборот на човечки населби треба да се прилагодат на климатските промени, многу земји брзо ја зголемуваат својата изложеност на поплави, изјави …

Повеќе »

Предизборната кампања на Трамп собра над 45,5 милиони долари донации во последните три месеци

Кампањата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп соопшти дека примила повеќе од 45,5 милиони долари донации во третиот квартал од годината, што е далеку над сумата на неговиот главен ривал за републиканската претседателска номинација, Рон ДеСантис. Кампањата на Трамп соопшти дека го завршила септември со повеќе од 37,5 милиони долари …

Повеќе »

САД: Ќе испратиме запленето иранско оружје на Украинците

САД испратија на Украина повеќе од милион парчиња иранска муниција кои беа запленети минатата година во водите на Индискиот Океан, соопшти американската војска. Централната команда на САД, која е одговорна за воените операции на Блискиот Исток, објави дека во Украина биле испратени околу 1,1 милион куршуми од калибар 7,62 мм. …

Повеќе »