Breaking News

Почна втората фаза од испуштањето вода од Фукушима


Во Јапонија започна утрово втората фаза од испуштањето на прочистената вода од оштетената нуклеарна централа во Фукушима во Тихиот Океан, објави операторот.
На 24 август, Тепко ја започна првата фаза на ослободување на водата потребна за ладење на трите реактори во централата Фукушима Даичи во североисточна Јапонија.


Силен земјотрес и цунами на 11 март 2011 година ги уништија системите за ладење на реакторот, предизвикувајќи контаминација на водата.


Околу 1,34 милиони тони вода се собрани, прочистени и складирани во околу 1.000 акумулации, чиј капацитет ќе биде исполнет на почетокот на 2024 година.

Испуштањето на пречистената отпадна вода во океанот наиде на силно противење од страна на јапонските риболовни организации, како и кинеските и јужнокорејските здруженија, претворајќи го во политичко и дипломатско прашање.
Извор: МИА