Breaking News

Украинска армија: Соборивме 24 беспилотни летала од вкупно 29 што Русија ги лансираше синоќа од Крим


Украинската армија соопшти дека соборила 24 беспилотни летала од вкупно 29 лансирани синоќа од Русија .


Беспилотни летала Шахед од иранско производство беа истрелани од источен Крим и соборени во јужна и централна Украина, објави денеска украинската армија на Телеграм.


Во соопштението на украинските воздухопловни сили не се наведува кои се целите на петте дронови што не беа соборени. зш/ .

Извор: МИА