Breaking News

Луѓето сѐ повеќе ги населуваат областите кои можат да бидат погодени од опасни поплави


Луѓето сѐ повеќе ги населуваат областите кои се многу изложени на опасни поплави, особено во Кина, предупредува студијата објавена синоќа, објавена од економист од Светска банка.


-Во време кога изборот на човечки населби треба да се прилагодат на климатските промени, многу земји брзо ја зголемуваат својата изложеност на поплави, изјави авторот Јун Рентшлер.


Неговата студија анализирала сателитски снимки во текот на 30 години, следејќи ја дистрибуцијата на населението на глобално ниво, како и мапи од поплави.

Новото истражување беше глобално и ги зема предвид ризиците од поплави покрај морињата и океаните, поплави од обилни дождови, како и поплави на реки.


Студијата покажа дека во 2015 година, 20 отсто од сите населени области биле со среден или висок ризик од поплави, во споредба со 17,9 отсто триесет години порано.

Според студијата, проширувањето на населбите во областите со висок ризик ја зголемува изложеноста на поплави и идни штети и прави неопходно да се инвестира во заштита од поплави.


Источна Азија и Пацификот се меѓу најекспонираните региони, особено поради урбаната експанзија во Кина, како и во Виетнам и Бангладеш. мс/фото: МИА архива .

Извор: МИА