Breaking News

Зеленски во Гранада: Клучно за нас, особено пред зимата, е зајакнувањето на воздушната одбрана


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека е во Гранада, каде што учествува на самитот на кој учествуваат речиси 50 европски лидери и дека се надева на нови договори за зајакнување на воздушната одбрана на Украина.


„Клучно за нас, особено пред зимата, е зајакнувањето на воздушната одбрана и веќе имаме основа за нови договори со нашите партнери“, рече Зеленски на Телеграм.


Тој додаде дека тие договори сега ќе треба да бидат потврдени и „да стапат во сила“.

Во Гранада се одржува Самитот на европската политичка заедница на кој учествуваат претставници од 27 земји – членки на Европската унија и други земји, како Велика Британија, Турција, Украина, Швајцарија, како и од балканските држави.


рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА