Breaking News

СВЕТ

Сомнителен коверт во руската амбасада во Атина и сомнителен куфер во центарот на градот

– Мобилизација на грчката полиција предизвикаа претпладнево два случаи во Атина, едниот со сомнителен коверт со прашок со непознат состав во руската амбасада, другиот со сомнителен куфер во центарот на градот, а засега веројатно се работи за два одвоени случаи, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, и …

Повеќе »

Хути: Нападите нема да останат неказнети, убиени се петмина наши припадници

Вооружената група  Хути соопшти дека нападите врз нивните позиции извршени од САД и Велика Британија нема да поминат без „казна или одмазда“. Портпаролот на Хутите Јахја Сари во видео порака изјави дека во нападите загинале пет нивни членови, а уште шестмина се ранети и најави дека ќе продолжат да го …

Повеќе »

Хјуман рајтс воч: Изминатата 2023 година беше ужасна за човековите права во светот

Изминатата 2023 година беше ужасна година за човековите права ширум светот, забележува организацијата за човекови права „Хјуман рајтс воч“ во својот годишен извештај за состојбата со човековите права ширум светот, пренесоа светските агенции. Од Појасот Газа до Украина и Судан, во 2023 година беше забележано влошување на човековите права ширум …

Повеќе »

Диаз: На евроизборите ќе се соочат поборниците и противниците на Европа 

– Изборите за членови на Европскиот парламент во јуни ќе претставуваат соочување на оние кои се залагаат за Европа и нејзините принципи и на оние кои ги доведуваат во прашање основните права и вредностите на ЕУ, изјави шпанската вицепремиерка и министерка за труд и социјална економија Јоланда Диаз.  – Овде …

Повеќе »

Блинкен на средба со кинески претставници пред изборите во Тајван

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Вашингтон ќе се сретне со високиот кинески функционер Лиу Џианчао, објави Стејт департментот. Разговорите доаѓаат само еден ден пред изборите во Тајван кои ќе бидат главен тест за смирување на тензиите меѓу САД и Кина. Претседателските и парламентарните избори во Тајван, кој Кина …

Повеќе »

Американска војска: Погодени 60 цели на 16 локации, користени од Хутите во Јемен

Американските сили и сојузниците погодија повеќе од 60 цели на 16 локации што ги користат Хутите во Јемен, соопштија американските воздухопловни сили. Според соопштението, тие вклучуваат командни и контролни јазли, складишта за муниција, системи за лансирање, производствени капацитети и радарски системи за противвоздушна одбрана. Во нападите, како што пренесува Би-Би-Си, …

Повеќе »

Хантер Бајден пред суд се изјасни за невин за даночна измама

Хантер Бајден, син на американскиот претседател Џо Бајден, вчера пред федералниот суд во Лос Анџелес се изјасни за невин по обвиненијата за затајување данок што произлегуваат од неговите деловни зделки, што поттикна истрага за импичмент на неговиот татко. Судијата закажа судење за 20 јуни, а доколку биде прогласен за виновен, …

Повеќе »

Иран и Хезболах ги осудуваат воздушните напади на САД и Велика Британија врз Јемен

Иранското Министерство за надворешни работи ги осуди нападите врз Јемен како „очигледно кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Јемен“ и кршење на меѓународните закони. „Нападите нема да имаат друг резултат освен поттикнување на несигурноста и нестабилноста во регионот“, рече портпаролот на Министерството, Насер Канани. Либанската вооружена група Хезболах, поддржана …

Повеќе »

Русија побара итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Хутите во Јемен

Русија денеска соопшти дека побарала итна седница на Советот за безбедност на ОН на која ќе се разговара за воените напади на САД и Велика Британија врз цели на Хутите во Јемен. Се очекува средбата да се одржи подоцна денеска, по останокот за решение на блискоисточната криза. Како што соопшти …

Повеќе »

О’Брајан: Западен Балкан може да биде стабилен и безбеден само преку економска и европска интеграција 

На државите на Западен Балкан како и на Грузија, Молдавија и Украина, им е насушно потребна европска интеграција, изјави Џејмс О’Брајан, помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања.  -Проблемот со овие земји е дека голем дел од нивната популација се сели во Европа и во други места, …

Повеќе »