Breaking News

Американска војска: Погодени 60 цели на 16 локации, користени од Хутите во Јемен


Американските сили и сојузниците погодија повеќе од 60 цели на 16 локации што ги користат Хутите во Јемен, соопштија американските воздухопловни сили.


Според соопштението, тие вклучуваат командни и контролни јазли, складишта за муниција, системи за лансирање, производствени капацитети и радарски системи за противвоздушна одбрана.


Во нападите, како што пренесува Би-Би-Си, биле употребени повеќе од 100 ракети.

„Остануваме посветени на нашите клучни партнери низ Блискиот Исток во одбраната од милициските групи поддржани од Иран, вклучително и милитантите Хути, и заканата што тие ја претставуваат за регионалната безбедност и стабилност“, соопшти Централната команда на воздухопловните сили.


ссм/фото: принтскрин .

Извор: МИА